Санкциите на Европската унија против Русија и штетат на Европа повеќе отколку на Москва, изјави вчера на конференција во Париз лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен.
„Овие санкции само ги натераа луѓето во земјите на ЕУ да страдаат. Тоа е неуспех на политиката на санкции. Реалноста е дека ние сме поголеми жртви на санкциите од Русија“, рече Ле Пен, пренесе Тас.
Според неа, ситуацијата се повторува кога на Русија беа воведени санкции во 2014 година.
„Спротивно на тврдењата на европските влади, руската економија не е на колена. Москва продава повеќе гас, по повисоки цени отколку пред санкциите. Русија најде други трговски партнери“, додаде таа.
Ле Пен изрази надеж дека политиката на санкции ќе се преиспита за да се избегне заканата Европа да биде во мрак во отсуство на снабдување со енергија.