Лејди Гага го објави својот нов сингл наречен „Hold My Hand“, кој е дел од новиот филм на Том Круз, „Top Gun: Maverick“.
Емотивната моќна балада ја имаше промоцијата на 3 мај.
Гага ја напишала уште во 2018 година, но според извор близок до пејачката за странските медиуми, со годините го усовршувала за на крајот да му го понуди на Круз и продукцијата на нов филм.
Претходните денови на социјалните мрежи најави нов сингл заедно со црно-бела фотографија на која лежи на крило од авион користен во филмот.
Текстот го напиша самата Гага, а песната ја продуцираа таа и нејзиниот долгогодишен соработник BloodPop.
Гага исто така му се заблагодари на Том Круз за можноста да работат заедно, а тој ја посети и нејзината концертна резиденција во Вегас пред две вечери, каде што одржа џез шоу.