Можеби освои само една од петте Греми за кои беше номинирана – но секако беше најдоминантна на црвениот тепих.

Пејачката и актерка Лејди Гага, позната по своите контроверзни и необични аутфити, на синоќешното доделување на Греми наградите се одлучи за бесмртна елеганција.

Таа на црвениот тепих пристигна во долг црно-бел фустан и со кадрава платинесто руса коса.

Гага ја промени својата облека подоцна во вечерните часови, кога излезе на сцената на Греми наградите за да изведе песна од нејзиниот џез-дует албум „Love for Sale“.

Гага беше номинирана во пет категории заедно со џез легендата Тони Бенет, меѓу кои – албум на годината и песна на годината.

На крајот, таа освои само еден Греми, оној за најдобар поп вокален албум на годината.

By Author