Сепак големите носеви на Гага и нејзиниот партнер во филмотАдам Дривер се нај твитувани.

Вторникот на 9 ноември официјално одржана е првата премиера на филмот “House of Gucci”, или “Гучиеви” во Лондон, а на црвениот тепих се појавиле водечките звезди во филмот а меѓу кои е и поп пеачката Лејди Гага,која инаку во филмот ја тумачи Патриција Регини, вдовица на славниот Маурицио Гучи.

На црвениот тепих во еден момент и се придружил и нејзиниот партнер од филмот, Адам кој го тумачи ликот на покојниот Маурицио Гучи. Додека Гага позирала со него на црвениот тепих напоредно биле и другите две ѕвезди од филмот Џерад Лето и Селма Хајек.

Меѓутоа она што посебно ѓи фасцинирало фановите на Гага и Лето се нивните носеви од профил. Во крајно позитивен контекст без ни малку иронија,фановите ги фалат ѕвездите затоа што не подлегнале на холивудската совршеност и не ѓи “скратиле” своите несовршени долги носеви ипокажале дека и несовршеноста и различноста може да биде убава.

Два најдобри носа во Холивуд и Џерад Лето гласи еден од твитовите

Нивниот профил напишал друг корисник на Твитер со истата фотографија и емотикон срце.

Гага на црвениот тепих пристигнала во љиљаков лелеав фустан на Гучи, со плава коса и црни чизми.

Критиките за филмот после првата премиера се повеќе од добри.

Долго очекуваното враќање на филмот на Лејди Гага делува магично напишал Huffpost во својата прва рецензија.

Esquire magazin наведува дека филмот носи драма, гламур и спектакл и дека Гага сигурно добие номинација за Оскар за главна улога.

Гага е родена за улогата на Патриција Регини наведува ЕТ

Vogue исто така наведува филмот и Гага во него Се што очекувате а и повеќе од тоа.


AwardsWatch наведува дека улогата на Патриција на поп ѕвездата сигурно може да и донесе номинација за Оскар.

Ова е втора главна улога на Лејди Гага.Номинација за најдобра главна улога веќе доби за филмот Ѕвездата е родена со Бредли Купер.

Во главните улоги покрај Гага се наоѓаат уште Ал Пачино, Адам Драјвер и Селма Хајек

By Author