Откако не доби номинација за Оскар, пристигна уште едно разочарување кај фановите на Лејди Гага и пејачката. Таа остана без наградата SAG за најдобра главна женска улога.
Иако блесна на црвениот тепих, Лејди Гага не ја понесе наградата за најдобра женска улога. Таа беше номинирана за улогата на Патриша Гучи, која ја играше во филмот „Гучи“.
Наградата на Актерското здружение (SAG), наместо Гаги, за најдобра актерка и припадна на Џесика Честејн за нејзината улога во Очите на Тами Феј.
Гага на црвениот тепих се појави во бело-златен фустан и со својата препознатлива руса коса.
Овогодинешната листа на номинирани ја сочинуваа големи холивудски имиња – од Вил Смит и Оскар Ајзак, преку Никол Кидман и Бредли Купер, а легендарната Хелен Мирен ја доби наградата за животно дело.