Што ни подготвуваат ѕвездите ова лето?

ОВЕН
Венера влегува во вашата куќа на љубовта од 5 јуни до 8 ноември, што значи дека ќе имате многу возбудливо лето. Подгответе се за разиграни, страсни и романтични средби, но не им верувајте на сите.

На почетокот на август можни се драми во љубовните врски, па внимавајте како ќе реагирате.

Летово ќе се чувствувате одлично, па немојте да се чудите ако потпаднете под шармот на личност која генерално е спротивно од она што вообичаено го избирате. Опуштете се и препуштете се. Важни вести ќе дознаете во средината на август.

Заобиколете ѓи: Ракови, Јарци, Риби

БИК
Ова лето ве очекува сето она во кое најмногу уживате – релаксација и одмор. Доколку сте во врска, летото ќе биде одлично време за развој на вашата врска.

Исто така, одлично време е ако сакате да ја запознаете својата друга половина со вашите родители или дури и да ја однесете на семеен собир.

Доколку не сте во врска, вниманието ќе го привлече некоја личност од вашето опкружување. Во јули можно е да доживеете романса со некој со кој сте пријатели веќе некое време. Бидете отворени за можностите.

Избегнувајте: Лав, Водолија, Овен

БЛИЗНАЦИ
Нема да трпите глупости во текот на летото. Тоа ќе ве ослободи од сите драми во љубовните врски. Ќе бидете заводливо расположени, а можни се недоразбирања во врските во август.

Избегнувајте: Девици, Риби, Бикови

РАК
Добри вести за родените во овој знак – ова лето е идеално доколку треба да ја преболите поранешната љубов. Ѕвездите се совршено поставени, а Марс е во вашата куќа од 24 јули до 8 август, што значи дека ќе бидете привлечни за спротивниот пол, пишува atma.hr.

Затоа, не трошете го вашето време и енергија на првото, туку фокусирајте се на новата среќа во вашиот живот.

Внимавајте да не се заљубите премногу. Можни се и романси на работа.

Заобиколете: Вага, Овен, Близнаци

ЛАВ
Венера цело лето е во Лав, затоа подгответе се за жешки повици од сите страни.

Ако веќе не сте во врска, подобро не се врзувајте за некого во овој период. На крајот на август можно е ненадејно враќање на личност која исчезнала од вашиот живот.

Избегнувајте: Скорпии, Бик, Рак

ДЕВИЦА
За жал, ова не е ваша година за љубов. Од друга страна, вашата финансиска состојба значително ќе се подобри. Летното флертување би можело да прерасне во нешто повеќе во октомври доколку останете смирени и не сте премногу нервозни.

Кон крајот на јули и почетокот на август имате повеќе шанси да запознаете нови луѓе.

Избегнувајте ѓи: Стрелец, Близнаци, Лав

ВАГА
Ова лето можни се романси, но подигнете ги стандардите. Отворете ги очите и внимавајте.

Вагата кои се во врска често може да дојде во конфликт поради положбата на ѕвездите, што ќе ве направи нервозни. Потребно ви е време да се посветите на себе и да се одморите.

Кон крајот на август вашата врска ќе влезе во нова, стабилна фаза кон која се стремевте.

Избегнувајте: Јарци, Ракови, Вага

ШКОРПИЈА
Ова лето повеќе ќе се фокусирате на кариерата отколку на љубовта. Исто така, ќе бидете склони кон романса со некој што веќе го познавате. Нема да ви биде приоритет да запознавате нови луѓе.

Потребен ви е некој кој ќе ви биде добра поддршка, со оглед на сето она низ кое моментално поминувате во животот.

Доколку сте во врска, ќе смислите големи планови за следните пет години. Правете го она што го чувствувате и на крајот на август ќе ви се отворат опции за можни свадби и планирање на децата.

Заобиколете ѓи: Водолија, Лав, Вага

СТРЕЛЕЦ
Моментално сте повеќе фокусирани на дружење со пријателите отколку на романтичен живот. Ако сте сами, подобро е да останете така.

Што и да одберете, само држете се настрана од некој кој ќе биде манипулативен, претерано љубоморен или баран кога ќе одлучите да поминете време сами со вашето друштво.

Љубовта е можна и на одмор. Доколку останете во врска која трае во текот на август, бидете внимателни. На крајот на тој месец, Венера се движи ретроградно, што може да резултира со ваш излив на љубомора без многу конкретна причина.

Избегнувајте: Риби, Девица, Шкорпија

ЈАРЕЦ
Ова ќе биде многу топло лето за вас. Ве очекуваат еден куп авантури.

Кон крајот на јули и почетокот на август би можеле да поминете низ чуден период, кога ќе се чувствувате и привлечно и осамено, што нема да биде добра комбинација.

Околу 10 август ќе се смирите и ќе ви стане појасен погледот на вашата врска.

Избегнувајте: Овен, Вага, Стрелец

ВОДОЛИЈА
Ова лето ќе ви здодее старата љубов и желбата за промени. Спротивностите навистина може да ви се допаднат овие месеци.

Експериментирајте, па одлучете сами што ви одговара.

Полната месечина на крајот на јули ќе ви даде храброст да патувате нагло. Можете да патувате сами.

Заобиколете ѓи: Бик, Шкорпија, Рак

РИБИ
Ова лето ќе бидете одлично расположени, романтични и заводливи.

Ќе запознаете некого на крајот на јули. Ќе бидете привлечни како магнет за спротивниот пол, но ќе бидете разиграни и лесно ќе ги отфрлите бидејќи веќе сте го резервирале срцето за некој друг.

Околу 10 август ќе почувствувате силна потреба за безбедно засолниште. Можно е да запознаете некого додека волонтирате или некоја друга добротворна активност.

Избегнувајте ги: Близнаци, Стрелец, Водолија.

By Author