Дали претставницитена работодавачите во Економско-социјалниот совет, кои ги кочат сите реформи во полза на работниците, се формирани спротивно на законот?Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), застапувана од г. Ангел Димитров од Свети Николе,штитејќи ги интересите на олигарсите и капиталистите, во континуитет ги кочи сите законски измени вополза на работниците, злоупотребувајќи ја позицијата за влијание во Економско социјалниот совет (ЕСС).

Според инсајдерските информации на Левица, токму Ангел Димитров од ОРМ е причината за одложување на имплементацијата за предлогот „Недела – неработен ден“ (за кој Владата даде рок од две недели заизготвување решение и кој досега требаше да е донесен, а сега наместо да се применува од јули 2021, сепролонгира за 2022 год.).

За штитениците на Димитров очигледно проблем е и покачувањето наминималната плата и обезбедување бројни подобри услови за работа на работниците во Македонија. Тој од својата позиција во преговори со синдикатите ја користи функцијата во ЕСС да дејствува спротивно наинтересите на половина милион работници од приватниот сектор!

Организацијата на работодавачи, која ги застапува интересите на крупниот капитал, делува спротивно насите прописи и без легитимитет е ставена во позиција да ги оштетува работниците од цела Македонија.ОРМ, спротивно на Законот за работни односи, е основана од физички лица наместо од работодавачи (!?) -видно од Одлуката за основање и Тековната состојба издадена од Централниот регистар.

Ова доведува до заклучок дека нивното учество во Економско социјалниот совет е противправно и од истата причинатреба веднаш да им биде поништена репрезентативноста, бидејќи истата им е доделена спротивно назаконот. Тие, спротивно на позитивните прописи, се стекнале со права кои ги користат да ги кочатреформите и да ги оштетуваат работниците, а Владата и Министерството за труд и социјална политика -доколку веднаш не преземат мерки и не ја укинат репрезентативноста – се директни соучесници во овојнелегитимен процес.

За потсетување, Ангел Димитров, како директор на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе, е истиот оној којво јули 2020, принудувајќи над 500 работнички од кои дел со симптоми од Ковид-19, да доаѓаат на работанаправи голем корона-кластер од околу 80-на заразени работници.

Оттука и повеќе од јасно е чии и каквиправа и интереси тој застапува.Левица најостро го осудува ваквото експлоатациско и газдинско-феудално однесување на Ангел Димитров ина нелегитимната Организација на работодавачи на Македонија и јавно ја повикуваме министерската затруд и социјална политика, Јагода Шахпаска, како претседател на Економско – социјалниот совет, да гипреземе сите потребни дејствија за заштита на интересите на работниците кои во моментов се загрозени одстрана на организација која е регистрирана како обично „здружение на граѓани“, спротивно на законот.

By Admin