Денеска е 35-ти ден од војната во Украина.
„Русија не гледа знаци на напредок во преговорите со Украина“
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија не забележала ништо ветувачко или дека тоа изгледа како чекор напред во мировните преговори со Украина, пренесува Ројтерс.
Москва го поздрави фактот што Киев писмено ги претстави своите барања, рече тој, но додаде дека им претстои долг период на работа.
„Крим е дел од Русија и не е предмет на преговори“ денеска изјави Песков и дека „рускиот устав го оневозможува преговарањето со некој друг за судбината на кој било руски регион“.