Одредени претставници на Републиканската партија во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес побараа финансиски ревизија на средствата што Конгресот и ги додели на Украина од јануари 2021 година, изјави Марџори Тејлор Грин, членка на Долниот дом на Конгресот од Џорџија.

„Денеска поднесувам до Претставничкиот дом нацрт-резолуција, со која бараме од претседателот на САД, секретарот за одбрана и државниот секретар да му достават на Претставничкиот дом релевантни документи поврзани со средствата доделени за Украина. со одобрение на Конгресот од 20 јануари 2021 година до 15 ноември 2022 година“, рече Грин во видео пораката.

Таа истакна дека „бара да се покрене ревизија за секој долар на американските даночни обврзници што бил префрлен во Украина во една или друга форма“.

Покрај Грин, уште десет републиканци го потпишаа барањето.

Извор: Танјуг

By Author