Сигурно сте сретнале приказни за куќи во Италија кои се продаваат за само едно евро, а вашата прва мисла била „премногу добра за да биде вистинита“. Сепак, такви куќи навистина постојат, а Рубија Даниелс, жена која купила дури три куќи, неодамна го сподели своето искуство со патувањето и слободното време.
Рубија Даниелс, жителка на Калифорнија, беше една од првите луѓе што купија куќа во Мусомели, Сицилија во пролетта 2019 година. Целото искуство помина толку добро што таа на крајот купи три куќи: една за себе и две за децата.
Кога се вратила летото за да започне со реновирање, отпатувала со сопругот и деверот, а на третото патување во декември ги зела семејството и пријателите, од кои некои веднаш купиле домови.
Даниелс ја знае Европа, пред короната патувала два или три пати годишно, но никогаш претходно не била на Сицилија. Сега планира да се пресели таму.
Па, како работите испаднаа толку поволно за неа? За Travel+Leisure таа откри што да правите и што да избегнувате доколку сте заинтересирани да купите една од куќите во Италија за едно евро.
Дали навистина таа куќа од едно евро чини само едно евро? Се разбира, има даноци и такси што треба да се платат со градежните работи, но не сите шеми се создадени еднакви кога станува збор за цената на самата куќа.
Секој град има различни правила, без разлика дали се работи за структурата на цените, системот на депозити, бројот на архитекти или адвокати што треба да ги вклучите (и платите), или времето што треба да го завршите реновирањето за да избегнете казни. Задолжително одберете го оној кој ви одговара.
Исто така, треба да бидете свесни дека треба да ги реновирате. Во Мусомели, на пример, можете да правите што сакате со ентериерот, се додека ја одржувате фасадата како што беше првично.
Реновирањето на дом од едно евро е голем проект, затоа погрижете се да знаете во што се впуштате. Во нејзиниот случај, агентите за недвижности понудија груби проценки за трошоците за реновирање, почнувајќи од околу 20.000 евра во Мусомели. Таа, исто така, препорачува да работите со локални архитекти и градежници за да знаете однапред колку пари ќе вложите во тоа.
„Таму има многу градежни компании кои многу ги олеснуваат работите, а човекот што работи во градското одделение е од помош. Ако донесете планови, тој ќе ви даде најдобро водство“, вели таа.
Следно, оваа жена ве советува да ги проверите правилата во вашиот град – во Мусолини се бара фасадата да се поправи во рок од три години од купувањето. Ова важи и за одредување на цената на проектот.
За прв пат, Даниелс отпатува сам во Мусомела. Иако беше првпат на Сицилија и не беше сигурна што ја очекува, таа вели дека секоја личност што ја запознала ја натерала да се чувствува добредојдена.
„Агентите за недвижнини потрошија многу време за да се уверат дека сум добро, ми носеа храна, па дури и ме носеа во аптека“, вели таа. Но, не се однесуваа добро само луѓето кои и ја продадоа куќата, туку сите што ги запознава беа пријателски расположени.
Кога отишла да купи градежни материјали за нејзината прва куќа, мажот во продавницата инсистирал тој сам да оди и да измери како не би претера со купувањето. Пред некој ден, една соседка откако ја видела како работи застанала и ја повикала на кафе.
Се на се, Даниелс е задоволна од своите инвестиции, па им препорачува на сите што сакаат да живеат на Сицилија да купат куќи, но треба да знаат дека навистина нема да потрошат само eдно евро.