Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими не е повреден во синоќашниот напад со дрон на неговата резиденција во Багдад ,соопшти денес ирачката војска. Кадииевата резиденција се наоѓа во добро утврдената Зелена зона каде што се наоѓаат странските амбасади и владините канцеларии. Во званичната изјава е кажано дека седум чувари на Ал-Кадими се повредени
“Добро сум и меѓу свои луѓе.Фала богу”,твитна премиерот на Ирак набрзо после нападот.Повикал на смиреност и воздржаност во интерес на земјата.Во соопштението на владата се наведува дека беспилотните летала биле директно усмерени кон резиденцијата на премиерот.