Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против И.С.(47) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 во врска со член 45 и „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 3 во врска со член 45 од Кривичниот Законик. Пријавениот, во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница, без претходно донесена одлука на Управниот одбор и без финансиски план за начинот на користење на средствата од буџетот, од буџетот на комуналното претпријатие за репрезентации потрошил сума од 2.249.950 денари.
Исто така, пријавениот во истиот период, со непреземањето на потребните мерки и активности за наплата на побарувањата, дозволил да застарат ненаплатени побарувања во износ од 32.752.532 денари. На тој начин пријавениот го оштетил јавното претпријатие за износ од 35.002.482 денари -соопштуваат од МВР.