Утринава околу четири часот се случи голема несреќа во рудникот Соко во Сокобања. Во несреќата загинаа осум рудари, а според првите информации најмалку 20 се повредени.
Најмладиот работник има 31 година, а најстариот 59.
Саша Спасиќ, директор на ЈП ПЕУ Ресавица, изјави дека рударската несреќа во јамата на рудникот „Соко“ се случила нешто по четири часот наутро во делот на наоѓалиштето на рудникот источно поле во трета смена, за време на редовни работи за ископ на јаглен.
Според неофицијални информации, дошло до пропаѓање на јаглен во комората за ископ ВЕ 3/1 и нагло навлегување на метан во работниот простор. Изразувам сочувство до семејствата на повредените рудари, ние сме тука за нив во секој момент – рекол Спасиќ.