Олексиј Арестович, советник на шефот на кабинетот на Владимир Зеленски, вчера изјави дека мировниот договор меѓу Русија и Украина може да биде постигнат најрано за една до две недели, а најдоцна во мај.
Тој во видеото објаено од неколку украински медиуми рече дека се ке зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да издвои за војната во Украина, пренесува Ројтерс.
“Најдоцна до мај треба да постигнеме мировен договор, а можеби и многу побрзо. Мировен договор – со повлекување на војниците, со се останато. Или ќе се договориме во блиска иднина, односно за недела-две, или во мај”, рече Арестовиќ, пренесе РИА Новости.
Тој наведува и дека „целосно лудото“ сценарио би можело да биде Русија да испрати нови регрути по еден месец обука. Сепак, дури и кога ќе се постигне мир, мали тактички конфликти, според него, би можеле да бидат можни уште една година, иако Украина инсистира на целосно отстранување на руските војници од нејзината територија.
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа вчера преку видео конференција. По разговорите, украинскиот преговарач Михаил Подољак изјави дека е направена техничка пауза, а преговорите ќе продолжат денес.