Тој ги сподели и своите впечатоци од Буча, која ја посети пред да пристигне во Русија

Австрискиот канцелар Карл Нехамер по средбата со Владимир Путин изјави дека е заробен во неговата визија за природата на конфликтот и дека крајот на војната не се гледа.

Тој додаде дека не е оптимист кога станува збор за дипломатското решение на војната во Украина.

Нехамер се сретна со Путин во зградата Ново-Огарово во Москва и со тоа стана првиот лидер на една од земјите на Европската унија што го сторил тоа од почетокот на војната во Украина.

Средбата траеше околу 75 минути
Австрискиот канцелар рече дека во разговор кој бил „директен, отворен и тежок“, му рекол на Путин дека ЕУ ќе ги зголемува санкциите се додека има нови жртви.

Тој ги сподели и своите впечатоци од Буча, која ја посети пред да пристигне во Русија.

– Логиката на Путин во голема мера е одредена од војната и тој постапува соодветно. И покрај тоа, тој продолжи да го отфрла поимот војна – изјави Нехамер за австриските медиуми.

Карл е цел на критики
Патувањето на австрискиот канцелар Карл Нечамер во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин предизвика критики од коалициските партнери.

Зелените не биле консултирани за посетата на Нехамер на Москва и дознале за тоа од медиумите.

Пратеничката на Зелените Ева Ернст Џиџиќ ја критикуваше посетата на Нехамер.

„Не ја поддржувам таа посета“, рече таа.

Лидерот на Зелените и вицеканцелар Вернер Коглер беше поумерен и на својот коалициски партнер му порача дека се надева оти посетата е усогласена со ЕУ.

Исто така, речиси сите опозициски партии во Австрија беа против посетата на Нехамер на Москва, со образложение дека не треба да му даваат платформа на Путин да ги искаже своите ставови. Само Партијата на слободата (ФПО) ја поддржа иницијативата на канцеларот.

Германските медиуми остро го критикуваа австрискиот канцелар за неговата посета на Москва и разговорите со рускиот претседател. Главниот заклучок на германскиот печат е дека „подобро ќе беше да не се патува во Москва“.

Малата Австрија сака да се претставува како градител на мостови и дипломатски великан на концертот на големите. Што и да го натера канцеларот Нехамер да се впушти во невозможна мисија во Москва, има врска со овој поглед на Австрија за себе“, вели Зидојче цајтунг. .

By Author