На 20.01.2022 од полициски службеници на СВР Охрид е лишен од слобода П.С.(35) од Охрид. Тој бил затекнат при извршување кражба од плац лоциран на ул.„7 Ноември“ во Охрид. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-известуваат од МВР.