Астролошкото истражување тврди дека Девицата е најчестиот хороскопски знак, но кој е најреткиот? Истражувањата покажуваат дека најмалку луѓе се раѓаат околу Нова Година и Божиќ, а тој период го вклучува знакот Јарец, а со тоа припаѓа и на најретките хороскопски знаци.
Припадниците на овој хороскопски знак се одлични пријатели, но ги карактеризира и тврдоглавост. Луѓето во знакот Јарец лесно се препознаваат, иако понекогаш се однесуваат многу супериорно, но не ги обвинувајте, тоа е одбранбен механизам на нивниот карактер. Кога ќе ги налутите, знаат да бидат многу директни и строги, не сакаат расправии и кавги, па нема да бидат добри соговорници.
Бидејќи Јарците се многу ладни и сериозни, тоа придонесува за нивната одговорност во работата и кариерата. Јарците се главниот и првиот знак на зодијакот, се раѓаат лидери, тие се дарежливи и несебични.
Тие го претставуваат земниот елемент на зодијакот, што значи дека се многу приземјени – стојат со двете нозе на земја. Тие се верни пријатели, јасно кажуваат што сакаат и што очекуваат од другите.
Тие се многу сигурни, и како партнери и како пријатели, но и во емотивна врска. Нивната природа воопшто не се согласува со Близнаците, Вагите и Водолиите, па затоа треба да избегнуваат емотивна врска со овие знаци.