Денеска (19.11.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Охрид, СВР Куманово, СВР Штип, СВР Велес и СВР Тетово спроведоа акциска контрола во угостителски објекти за присуство на малолетници после 00.00 часот, како и точење алкохол на малолетници.
Притоа, на подрачјето на СВР Скопје била извршена контрола во пет спортски обложувалници, а на подрачјето на СВР Велес контролата била спроведена во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.
При контролите било констатирано едно кривично дело по член 215 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје, како и осум прекршоци по Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и еден по Законот за лична карта.
На 19.11.2022 во 02.00 часот, при контрола во казино на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, од слобода бил лишен К.М.(41) од Тетово, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Истовремено, во истото казино, кај лицето А.Ј.(24) од Тетово бил пронајден и одземен нож. Против него ќе биде поднесок по член 80 од Закон за оружје-соопштуваат од МВР.