Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи со КОВИД-19 и 119 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ нема регистрирано починати лица.
Досега во државава се направени вкупно 2.086.592 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 315 060, бројот на оздравени пациенти е 304 460, на починати е 9 327, а на активни случаи изнесува 1 273.