Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.303 тестови, а  регистрирани се 137 нови случаи на КОВИД-19, 85 оздравени пациенти и во изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Од вкупниот број на позитивни (137), регистрирани се 13 реинфекции.

Досега во земјата се направени вкупно 2.018.029 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.571, бројот на оздравени пациенти е 299.738, на починати е 9.280, а бројот на активни случаи изнесува 553

By Author