Најмалку едно лице загина, а повеќе од 60 лица се повредени кога две различни торнада ја погодија Кина денеска.
Во Вухан, во централната провинција Хубеи, исчезнаа шест лица, а 41 лице се хоспитализирани откако торнадото ја погоди областа Кајдијан во 20 часот и 39 минути. според локалното време, пренесува „Reuters“. Како што се наведува, никој од повредените не е во животна опасност.
Торнадото предизвика брзина на ветер од 23,9 метри во секунда, што ги скрши дрвјата и ги сруши бараките на градилиштата, се наведува во извештајот од локалните медиуми.
Друго торнадо го погоди градот Сужоу во провинцијата Jиангсу во источна Кина, при што загина едно лице и се повредени 21, од кои двајца се во сериозна состојба.
„Ветерот ги оштети електричните постројки и уништи неколку фабрички згради во градот Шенгзе“, соопштија пожарникарите.