Кина, земја блиска до рускиот претседател Владимир Путин, се чини дека јасно застана на страната по еден ден молк. Имено, Кина нагласи дека почетокот на нападот на Украина што го најави Путин не е инвазија, туку воена операција.
„Кина внимателно ја следи ситуацијата и ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да спречат ситуацијата да излезе од контрола“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Пекинг го критикуваше и Западот за воведувањето нови санкции кон Русија.
Осудата дојде откако Русија им нареди на војниците да влезат во самопрогласените
Доњецк (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), што јасно стави до знаење дека Кина се приклонува кон руската страна.
Потоа, во четвртокот, Хуа експлицитно одби да ја нарече воената акција „инвазија”, избегнувајќи прашања за тоа дали Кина е во контакт со руските и украинските лидери“.
„Прашањето за Украина има многу комплицирана историска позадина и е резултат на различни фактори“, изјави Хуа за новинарите, пренесува Ројтерс.
Во последните недели Кина ги обвини Соединетите Држави и нивните западни сојузници за „развивање“ на кризата, а Хуа претходно изјави дека САД „долева масло на огнот“.
Кинеската амбасада во Украина во четвртокот ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и да останат дома.