„Пожарот во јужноафриканскиот град Кејптаун уништи дел од универзитетска библиотека во која се наоѓа уникатна колекција на африкански архиви“, рече директорот на библиотеката кога пожарот се прошири кон центарот на градот.
Пожарот избувнал вчера во подножјето на планината Табела и се проширил на Универзитетот во Кејптаун (УКТ), принудувајќи стотици студенти да се евакуираат.
„Reuters“ пренесува дека пожарот ја зафатил зградата на студентскиот кампус, а пожарникарите користеле и хеликоптери во акцијата при гаснењето.
Одделот за африкански студии во зградата од 30-тите години на минатиот век и читалната беа целосно уништени, информира директорот на библиотеката на УКТ, Ујала Сатгор, во неделата преку објава на Фејсбук.
„Некои од нашите вредни колекции се изгубени“, напиша таа.
Еден од пожарникаритте претрпел изгореници и бил пренесен во болница на лекување.