Накитот е запленет како дел од новата истрага против претприемачот Каират Сатибалди – внук на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој беше на власт 30 години, до 2019 година.
Казахстанската антикорупциска агенција во средата извести за заплена на дијаманти и накит во вредност од повеќе од 230 милиони долари, како дел од аферата во која е вмешан внукот на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев.
„За време на операцијата за пребарување во странство, запленети се дијаманти и накит во вредност од над 230 милиони долари и вратени на државата“, се наведува во соопштението на агенцијата.
Накитот е запленет како дел од новата истрага против претприемачот Каират Сатибалди – внук на поранешниот претседател Нурсултан Назарбаев, кој беше на власт 30 години, до 2019 година – додаде агенцијата за борба против корупцијата за АФП.
Сатибалди, е првиот член на семејството Назарбаев кој е уапсен во март и обвинет за злоупотреба на пари од Казахстантелеком – државниот телекомуникациски оператор – и за „други кривични дела на штета на државната безбедност“. Во септември тој беше осуден на шест години затвор.
Според антикорупциската агенција, „300-те милиони долари што Сатибалди ги инвестирал во странски обврзници ќе бидат уплатени во буџетот на Казахстан“, голема централноазиска земја богата со нафта и гас.
Минатиот јануари во протестите животот го загубија повеќе од 230 луѓе. Актуелниот претседател Касим-Зомарт Токајев оцени дека биле поттикнати од странски „терористи“ кои сакале да ја преземат власта во земјава, но никогаш не презентирал докази за тоа.
Токаев, е кандидат за негов реизбор на 20 ноември, оттогаш се обидува да ја зајакне својата позиција и да ја ослаби позицијата на неговиот авторитарен претходник.
Главниот град Астана, кој беше преименуван во чест на Назарбаев, во септември повторно го доби своето старо име.