Верниците во Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Традиционално, синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје се одржа централната прослава во земјава, каде се служеше велигденска литургија.
На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски…
Велигденската литургија ја водеше бискупот скопски и струмичко-скопската епархија Киро Стојанов.
Тој ја прочита велигденската проповед и им го честита празникот на католичките верници.
Бискупот им посака честит и благословен празник Воскресение Христово – Велигден! Христос воскресе. Алилуја, рече во Велигденската проповед скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Киро Стојанов