Тоа е знак кој зрачи со искреност, достоинство, сигурност, трпение, издржливост, искуство, мудрост. За многумина захтевен, крут, претерано одговорен за работата и традицијата, ладен, а сепак се потпираат на него и му се обраќаат за помош.
Дали навистина Јарецот е толку леден и карпест како што пишуваат многу форуми?
Се разбира не. Сериозен е, упорен и цврст во емоциите. Кога те сака, имаш целосна сигурност и даден збор. Сè што чувствува и сака да го изрази, на почетокот го прави индиректно, прикриено, преку чувство на одговорност додека не ве запознае и не се опушти. После тоа станува сосема друга приказна.
Интересно е што секогаш имаат скриени таленти, било да е тоа музика, литература, сликарство, внатрешен дизајн и посебен осет за архитектурата и формите.
Воздржани во однесувањето, навидум крути, но многу внимателни и со сериозни намери. Кога ќе се согласите да соработувате со него, очекувајте да се следи процедурата.
Ако мислите дека нема емоции, се лажете! Неговите емоции се длабоки и силни, но се изразуваат преку почит, принципи, потврдени со дела, со аргументи за вистинските вредности.
Материјалната егзистенција и профитот му се важни за сигурноста на негова и неговите најблиски, а амбициите, угледот и статусот се потврда за неговата самодоверба, вложување, труд и борба. Не сака да се согласи на помалку бидејќи знае колку вложил во истиот бизнис.
Држи до дадените зборови. Тој е доверлив партнер во сите деловни односи.
Се сеќава на се, па го сметаат за злонамерен човек кој секогаш нешто поправа, но тоа го прави конструктивно и со силни аргументи. Тие оставаат впечаток на личност која влева самодоверба, добро организирана.
Знаат да се шегуваат, крајно иронични се, саркастични и сериозни лица, но секој не ја разбира нивната смисла за хумор.
Плачат само кога се сами, тажни, меланхолични. Тие се олеснуваат кога ќе пуштат солза.
Не сакаат да ја покажуваат својата болка и со тоа да ја оптоваруваат околината, многу се приватни кога се во прашање нивните лични работи, како и потребите на семејството. Тоа се луѓе кои не ‘кукаат’, туку се борат со товарот што го носат.
Колку и да природата на оваа личност делуваше како „оградена тврдина“, со трпение, доследност, овие луѓе ќе ви возвратат на сите емоции што сте им ги дале.
Пристапот кон работата е методичен, сериозен, а има предиспозиции за одлични резултати и високо рангирана социјална позиција. Кариеристи.
Ваква личност вреди да се има за пријател и партнер. Тој не страда и не плаче со вас.
Секогаш ќе делува конструктивно и ќе ве поттикнува да излезете посилни од секој пораз.
Тој е личност на која можете да се потпрете во секое време, но морате безусловно да ја почитувате и да си го одржите зборот. Ако Јарецот ве отсече од животот, тоа е засекогаш, а знајте дека тоа не е случајно. Сигурно сте направиле нешто многу лошо во тој случај.
Мажот јарец бара амбициозна, способна, динамична жена, но држи одредена дистанца додека не ја запознае темелно личноста.
Жената се води од разумот, од достоинството кое ѝ кажува никогаш да не се предава на себе. Има скриени таленти, аристократски став. Секогаш уредна и нашминкана со умереност. Рационално избира маж, ги става емоциите во втор план. Бара човек кој во друштвото добро котира, кариерист, независен. Некој како неа.
За Јарците, само квалитетот вреди ништо под него.
Порака до Јарците во 2022 година: „Не плашете се да ја покажете вашата емотивна страна и да бидете поопуштени. Не е се толку сериозно да ја бара ваша претпазливост како што изгледа на прв поглед“.