Се сеќавате на правилото на „чокерите“?

Ретко за кое парче накит има толкуспротиставени мислења како за „чокер“ ѓерданот. Пред неколку сезони овие ланчиња ги носеа апсолутно сите.

Трендот кратко траеше, но можеби ќе се врати – затоа што „чокер“ ѓерданот штотуку го оживеа Ева Лонгорија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.

Ева изгледаше секси во флатер, проѕирен фустан на Алберта Ферети, кој одлично и прилега. Заедно со заводливиот фустан, таа носеше и „чокер“ со дијамант, како и блескави сандали од Aquazzura.


Ѓерданите „Чокер“ имаат долга и бурна историја – на сликата на Моне ги носи проститутка, а во викторијанската ера дами од високото општество. Тие беа најпопуларни во деведесеттите, а пред пет години доживеаја кратко враќање.

Инаку, Ева Лонгорија дефинитивно е модна ѕвезда на Кан, за што сведочи и нејзиниот втор аутфит од фестивалот – воодушевени сме од светлиот, летен костум што актерката го носеше со гламурозен корсет.

By Author