На видеата што ги емитува локалната ТВ Миленио се гледаат вагоните од составот на метрото, уривањето на надвожњнакот и моментот кога вагонот паѓа врз автомобилите што минуваат под надвожњакот.
Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека пристигнала на местото на несреќата.До сега има 15 загинати 70 повредени и еден автомобил е заглавен под рушевините пренесува Ројтерс.
Несреќата се случила на метро линијата број 12, која беше изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.
“Она што се случи денес е страшна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства”, напиша Ебрард на Твитер.
Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогне.