Бројни научни истражувања се обидоа да одговорат на ова прашање и дефинитивно е утврдено дека луѓето родени во иста сезона имаат многу повеќе заеднички особини отколку што би можеле да замислат.

Истражувањата покажаа дека луѓето родени во лето често имаат брзи и чести промени на расположението, отколку оние родени во зима. Слично на тоа, оние родени во пролет и лето имаат тенденција да имаат високо ниво на енергија и позитивност.

Резултатите исто така покажале дека оние кои се родени во есен имале помала веројатност да бидат депресивни од оние родените во зима, а оние кои се родени во зима имаат помала веројатност да имаат раздразлив темперамент од оние кои се родени во другите сезони.

ПРОЛЕТ
Според резултатите од различните анализи, најголем оптимизам имаат луѓето родени во пролет. Секој проблем го гледаат како можност за понатамошен развој. Тие се сметаат за луѓе кои можат да имаат најмногу среќа во животот, а тоа може да се поврзе и со висок оптимизам.

Исто така, се верува дека децата од април се најкреативните луѓе, наклонети кон уметност и разни достигнувања. Британско истражување покажува дека луѓето родени во март и април се природни лидери. Тие често се на лидерски позиции и знаат како да водат тим. Истражувањето на Универзитетот во Саутемптон покажува дека луѓето родени во пролет имаат најмал ризик да развијат алергии.

ЛЕТО
Децата на лето имаат исто високо ниво на оптимизам, но се значително поамбициозни од луѓето родени во пролет. Сепак, тие исто така можат да бидат склони кон ненадејни промени во расположението и себичност. Нивната интуиција е подобрена, но имаат и точен „внатрешен часовник“ – вашето тело само знае кога е време за будење, јадење, спиење и лесно се прилагодува на промените во времето и температурата.

Се карактеризираат со огнен темперамент, постојана желба за забава, лесно воспоставуваат контакти и се дружат. Тие најмногу се борат за својата позиција и успех и на училиште и на работа. Истражувањата покажуваат дека тие имаат зголемен ризик од проблеми со видот и алергија на глутен.

ЕСЕН
Тие одат од крајност до крајност – или се целосно рамнодушни, или се луди перфекционисти кои мора да направат сè совршено. Иако есента често се смета за најсивиот период од годината, истражувањата покажуваат дека овие луѓе имаат најмал ризик од чести депресивни состојби. Имаат големи когнитивни способности и често се најуспешни на училиште.

Се карактеризираат со издржливост и сила, но имаат поголем ризик од астма или развој на алергија на одреден вид на храна. Германско истражување спроведено на милион луѓе во Данска и Австрија докажува дека луѓето родени меѓу октомври и декември живеат најдолго.

ЗИМА
Луѓето родени во зима покажуваат креативност и генијалност уште во детството. Тие се тимски играчи, особено бебиња родени во јануари. Тие се главно автентични, имаат тенденција да се истакнат по нешто. Се верува дека во овој период се раѓаат најљубезните луѓе и дека зимските деца се најпослушни. Тие се истакнуваат по смислата за хумор и обично се весели по природа.

Сепак, истражувањето на Универзитетот во Кардиф покажува дека зимските деца имаат поголем ризик од ненадејно зголемување на кортизолот, хормонот на стресот, и затоа се сметаат за најризична група (гледајќи ја годината на раѓање) во однос на стабилното ментално здравје.

By Author