Дали некогаш сте се запрашале дали постои идеално раскинување?
Оваа наша модерна доба ни донесе разни илузии кога станува збор за емоционалните врски, па не е изненадувачки што на секој чекор може да се слушне само „идеалната врска“, „совршениот брак“ или „наоѓање сродна душа“.
Сепак доколку сметате дека заслужувате идеална врска или пак на партнерот не гледате како на сродна душа, најдобро е да раскинете, како да раскинете, собено со личноста за која сè уште навистина се грижите? Или можеби сè уште ја сакате?
Бидејќи, и покрај вкоренето мислење дека раскинуваме само кога сите емоции кон некого се изгаснати во нас, факт е дека можеме да донесеме таква одлука и од разни други причини. Иако ова звучи како патетичен изговор за болката што ќе ја нанесете на личноста со која сте биле во врска, еве неколку совети за тоа како да раскинете на што е можно побезболен начин.
Прво, обидете се јасно да ги дефинирате вашите причини за раскинување, не си давајте повеќе различни причини истовремено. Ако веќе сте донеле одлука дека е најдобро за вас во овој момент, држете се до сè што ве доведува во ситуација да го направите тоа. Не извлекувајте нови аргументи за секое прашање и со тоа да создадете непотребен хаос и драма.
Бидете љубезни, не ја напаѓајте личност која веројатно е со сккршено срцето и имајте на ум дека, колку и да ви е логично, за другата страна причините за вашето раскинување навистина ќе звучат тотално нелогично и фрустрирачки. Не го претворајте раскинувањето во расправија, но не дозволувајте ниту вашиот партнер да го стори тоа. Во исто време, отфрлете ја улогата на светец, не дозволувајте вашето его да се однесува супериорно и милостиво, бидејќи на тој начин создавате само атмосфера на лицемерие.
Не давајте лажна надеж, не дозволувајте нејаснотија да плови помеѓу вас, бидејќи тоа само ќе создаде впечаток на несигурна личност. Што ќе му даде надеж на партнерот дека постои шанса да се предомислите во одлуката. Наместо тоа, направете го потешкиот дел, заминете и оставете ја другата страна да го почувствува животот без вас.
Кој знае, можеби на крајот никој нема да биде повреден, а можеби и ќе останете во добри пријателски односи?!