Речиси во сите култури кои користат годишни календари, доаѓањето на новата година се слави како празник на промената на период- заминувањето на стариот и почетокот на новиот период.
Сепак, 1 јануари не се сметал секогаш за почеток на новата година, во зависност од културата, новата година се славела на пролет или на есен.
Самиот обичај е поврзан со прославата на раѓањето на Сонцето. Како што се менувале вековите, така се менувале и деновите кога се славела новата година. Со оглед на тоа што многу народи немале календари, годината ја броеле според годишните времиња, како и врз основа на завршувањето на полската работа што ја вршеле.
Се верува дека првата „прослава“ на Новата година ја одржале жителите на Месопотамија, пред повеќе од 2000 години!
Во Месопотамија новата година ја дочекувале на почетокот на март.
Едното мислење е дека Кинезите први ја дочекале новата година, а другото е дека тоа биле старите Германци или Римјани. Во антички Рим, како и во Месопотамија, почетокот на новата година се славел на 1 март, некаде околу пролетната рамноденица.
Меѓутоа, од 153 г во старата ера, Римјаните имаа прослава на 1 јануари – се славело во чест на богот Јанус. Новата година ја дочекувале како симбол на почеток на нов живот и нови животни надежи.
Старите Германи го поврзувале почетокот на новата со крајот на полската работа, која се паѓат во средината на ноември. Ја прославувале добрата година и претстојниот одмор.
Сите овие обичаи, во основа пагански, постоеле во Европа многу пред доаѓањето на христијанството. Оваа религија долго време избегнувала да го празнува овој празник на 1 јануари бидејќи црковните поглавари во него гледале остатоци од стари верувања и обичаи. Во голем дел од средниот век, најрадосниот христијански празник – Божиќ – се користел за одбележување на почетокот на годината. Дури од 12 век црквата полека го прифаќа 1 јануари како прв ден од новата година.