Во близина на Ротердам, извонредна нова креација полека се оформува, станува збор за брод долг 127 метри со три јарболи, и практично ништо не се знае за тоа. Дури и луѓето што што се вработени не ги знаат сите детали, освен една, кога ќе заврши, веднаш ќе може да се нарече една од најдобрите јахти на целиот свет и ќе биде во сопственост на Џеф Безос.
И додека целиот свет со нетрпение го очекуваше откривањето на неговите нови деловни потфати кога се повлече од функцијата извршен директор на неговата империја, можеме да кажеме дека веста за изградба на прекрасна јахта во која ќе ужива кога сака, е сосема јасна.
Јахтата ќе биде најскапа, со цена од половина милијарда долари и ќе биде создадена како дело на бродоградилиштето Океанко, со седиште во Холандија. Ќе биде величествена и грандиозна, со свој помошен брод со хелиодром.
Дизајнот се очекува да се заснова на моделот Oceanco 108M Black Pearl, кој во моментов е најголемата и технолошки најнапредна јахта во светот. Покрај тоа, новитетот ќе содржи три гигантски јарболи, кои ќе го придвижат, заедно со неколку палуби.
Во еден од извештаите за јахтата се вели дека е висока колку „Големите пирамиди во Гиза“ и дека ќе содржи совршен базен, амбиентално кино практично на секоја палуба.