Љубомората е една од оние емоции што се крајно тешки за контролирање.

Малку љубомора е пожелна во врската, бидејќи токму таа ве тера да ја цените и заштитите вашата сакана повеќе. Меѓутоа, кога работите ќе излезат од контрола, тоа може многу лесно да ја уништи вашата врска и да ви го наруши умот. Додуша, не е лесно да се постави граница помеѓу здравата љубомора и онаа што станува токсична.

Ако и дозволите, таа може да доминира во вашата врска. Некои од последиците се чепкање на телефонот на вашиот партнер, неконтролиран гнев, физичко малтретирање,  како и губење на сопственото „јас“. Јасно ви е дека не треба да дозволите љубомората да и наштети на вашата врка, но како се справувате со тоа?!

Фoкусирајте се на себе, а не на вашиот партнер

Најдобар начин да се ослободите од љубомората е да погледнете кон себе, а не кон партнерот. Трошењето енергија во обидот да се контролираат постапките на друга личност е исцрпувачко и на крајот обично е залудно, а на крајот на денот единствено вие сте во загуба.

Воспоставете јасни граници во врската

Треба да има јасно утврдени граници во секоја врска. Ако има договор меѓу вас да не ги меркате луѓето од спротивниот пол кога сте во јавност, и двајцата треба да се држите до тоа. Ова ќе ви заштеди многу сцени и непријатности. Ако прескокнете да кажете што ви пречи, вашиот партнер може да помисли дека прифаќате одредена форма на неговото однесување.

Откријте го изворот на љубомората

Ова е важен чекор затоа што може во голема мера да ве ослободи од љубомора во иднина. Дали вашиот партнер го остава телефонот на масата кога оди во тоалет или го носи со себе? Дали имате пристап до неговите социјални мрежи или сите се заштитени со тајни лозинки? Дали тој има поранешна девојка со која повремено се дружи ? Накратко – дали тоа ви дава причина да бидете љубоморни. Ако одговорот е НЕ, тогаш застани. Опушти се и уживај. Ако имате причина да се сомневате дека нешто не е како што треба, разговарајте со него. Тоа ќе даде поголем ефект отколку да истражувате како да сте детектив.

By Admin