Креативноста е еден од основните фактори за успешен бизнис и кариера. Постоењето на инспирација во голема мера го олеснува извршувањето деловни и други задачи.

Како да добиете инспирација?

Инспирацијата е феномен што доаѓа неочекувано, а во продолжение ви даваме одредени совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате или поттикнете вашата креативност.

Не планирај!

Потрагата по продуктивноста доведува до голем број планови што треба да се реализираат. Во тој случај, страда слободното време, односно е потребно да се остави доволно време за одмор и релаксација. Ако „не ги полните батериите“, нема да бидете продуктивни.

„Комфорната зона“ ја уништува креативноста

Вашата „комфорна зона“ ја уништува целата инспирација и креативност. Излезете од вашата зона на удобност. Инспирацијата ќе ја најдете во различни искуства и свежи идеи.

Запишувајте си ги идеите и планови

Ако имате идеја, задолжително забележете ја и не дозволувајте да „испари од вашата глава“. Белешките ќе бидат од голема помош во случај на недостаток на креативност.

By Admin