Некогаш лалињата биле симбол на престиж и богатство, неговите луковици биле скапо плаќани, па многу одгледувачи навистина се збогатиле во 15 век, а денес овој нежен цвет е најомилениот детал во домот во рана пролет.
Лалињата или тулипани припаѓаат на семејството лилјани, а благодарение на генетскиот инженеринг, денес има повеќе од 3.000 сорти на овој пролетен цвет. Експертите велат дека ниту еден вид цвет нема толку многу сорти, бои како лалињата – од бело до црно.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ги одржите лалиња во вашиот дом свежи до десет дена.

  1. Изберете пупки од лале

Кога купувате лалиња, изберете ги оние чии цветови не се отворени. Уште подобро, ако цветот не е целосно обоен, туку малку зелен. Не грижете се, цветот ќе се отвори за неколку дена, а во вазна ќе трае многу подолго. Ако веќе добиете расцутени лалиња, ќе ви траат само ден или два.

  1. Не заборавајте на водата

Најдобро би било стеблата да ги завиткате со хартија натопена во ладна вода веднаш откако ќе ги купите. Лалињата не можат без вода.

  1. Отстранете ги листовите

Пред да ги ставите лалињата во вазна, исечете половина сантиметар од секое стебло. Ова им помага на цвеќињата „побрзо да пијат вода“. одстранете ѓи крајните листови, ако паднат во вода, тие ќе почнат да скапуваат и наскоро ќе ги „убијат“ лалињата.

  1. Изберете ја вистинската вазна

Вазната мора да биде висока барем половина од стеблото. Уште подобро е ако вазната е повисока, а цветовите се исправени. Ако вазната е премногу мала, лалињата ќе висат преку работ. Иако овој ефект можеби е модерен, ќе направи лалињата побрзо да венеат.

  1. Додадете малку „храна“

Можете да купите течна храна како готов производ, но можете да направите нешто дома. На пример, ставете малку сол во вазна со вода, малку сок од лимон или паричка. Според некои, ова функционира, но не е толку добро како да се купува течна храна за сечено цвеќе.

6. Вода за освежување

Доколку сте биле надвор долго време со букет лалиња и забележите дека тие веќе се опуштиле кога ќе дојдете дома, наполнете го дното на кадата со ладна вода и спуштете ги лалињата во неа. Не треба да ги потопувате, туку само наредете ги да не лежат една врз друга. На овој начин повторно ќе ги „оживеете“.

  1. Вистинското место за вашата вазна

Чувајте ги лалињата на добро осветлено место. Нивното место не треба да биде изложено на директна сончева светлина, бидејќи не поднесуваат премногу топлина, а цветовите можат да добијат дамки.

By Author