Откако САД го забранија увозот на сурова нафта од Русија, Европа сеуште калкулира. Велика Британија најави дека истото ќе го направи до крајот на годината, додека Германија размислува како да ја намали потрошувачката на гориво за да не се осети недостаток доколку го забранат увозот од Русија.
Сега, поради новонастанатата ситуација во Европа, сообраќајниот експерт Бенџамин Стефан (Гринпис) даде конкретни предлози кои доколку бидат усвоени од Владата на оваа земја, би го намалиле увозот на нафтени деривати за 10 до 12%.
Предложените мерки вклучуваат ограничување на брзината на автопатите на 100 km/h, на отворен пат до 80 km/h, а во урбаните средини до 30 km/h.
Тие го појаснуваат својот став со тоа што „секое полнење на резервоари, секоја испорака на нафта за греење ја финансира војната на Путин и дека патот до независноста од нафтата на Путин вклучува многу помали чекори, а владата може да преземе некои од нив денес“, пишува Авто клубот.
Освен ограничувањето на брзината, има и други предлози, меѓу другото, бараат помасовна работа од дома за да се избегне возење до работа, две недели месечно без автомобил, како и префрлање на патници од домашни летови во железнички превоз.