Мотивацијата е непредвидлива работа и многу е лесно да изгубиме енергија и волја во текот на денот, особено на работа. Во продолжение дознајте кои се начините за да ја избегнете оваа состојба.

1.Не размислувај за тоа колку е напорна работата. Кога ќе добиете работна задача, не размислувајте за тоа колку ќе ви биде тешко, стресно или невозможно. Мислете само на тоа колку добро ќе се чувствувате откако ќе ја завршите работата.

2.Секој ден, создавајте мали цели што ќе ги исполните. Малку по малку и на крајот на денот ќе ја завршивте целата задача, без стрес.

3.Одморете се. Пррошетате, дури и околу зградата каде што работите, одвојте време и да прочитате нештон на кратко што ќе ве релаксира.

4.Не размислувајте и не грижете се за работи што не се важни и што не можете да ги промените. Тоа е контрапродуктивно.

5.Ако е навистина невозможно да се заврши задачата, побарајте помош. На крајот на денот, не е срамота ако се откажете и оставите дел од работата за следниот ден.

6.Кога ќе добиете работна задача, веднаш започнете да ја решавате. Не размислувајте премногу, само преминете во акција.

7. И конечно, славете ги малите победи во текот на целиот ден. Тоа ќе ви даде дополнителна мотивација.

By Admin