Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 21 пешак од кои, 20 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа санкционирани се 24 пешаци од кои, 20 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.
При акциската контрола санкционирани се и 30 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови поради што апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин заради нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбеден сообраќај-соопштуваат од МВР.

By Author