Полициски службеници на СВР Тетово вчера (27 јануари) од 14 до 17 часот, презеле вкупно 26 мерки (ТЕ-22 и ГВ-4) против возачи кои не им дале предност, односно првенство на пешаци.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 7 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци и кои ќе се соочат со законски предвидените парични глоби.

Полициски службеници на СВР Велес вчера(27 јануари) од 14 до 17 часот, презеле вкупно 16 мерки против возачи кои не им дале предност, односно првенство на пешаците.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 11 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Велес и Tетово соопштуваат дека и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

By Author