Бержерак, туристички град на југозападот на Франција, воведе казна до 750 евра за сопственик кој не го подига изметот на своето куче на јавно место.
„Луѓето со кучиња се должни веднаш, на секој соодветен начин, да започнат со собирање на животински измет“ по улиците, парковите, градините и на други места, се вели во општинската уредба.
Казната од 750 евра е веројатно најголемата во Франција, вели Лоик Домбревал, ветеринар и специјалист за животни.
„Кучешкиот измет може да биде вистинско зло во некои градови, а тоа на крајот води до стигматизирање на кучињата и нивните сопственици“, изјави тој за АФП.
Од градската управа на Бержерак велат дека новововедената мерка треба да „обезбеди безбедност и јавно здравје“.
Градската власт наредува и „за време на прошетката на кучето да се земат најмалку две кеси за собирање измет од кучиња, а за оние кои ги немаат казната е до 38 евра“.
Кога би функционирале казните во Македонија не само за изметот од миленичињата, но и за несовесните граѓани кои фрлат ѓубре наскаде би имале многу почиста и поубав држава.