Заврши состанокот на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Сергеј Лавров и Дмитриј Кулеба, по повод конфликтот во Украина, кој започна со инвазијата на руската армија на 24 февруари.
На прес-конференцијата потоа, Лавров ја поврза ситуацијата во Украина со бомбардирањето на Југославија. Тој рече дека „Западот ја бомбардирал Југославија за да ја разбие“.
Тие тогаш ги поддржуваа Албанците на Косово и Метохија. Целиот Запад го поздрави тоа, но и демократијата и изборите. Зошто на Албанците во Косово им се дозволува тоа, а на Русите во Украина не – праша Лавров.
Лавров рече и дека денешната средба не била одржана со цел да се договори прекин на огнот. Тој додаде дека Москва никогаш не зборува за можност за трета, а камоли за нуклеарна светска војна.
„Но, ние сме вознемирени што Западот, според Фројд, ја повторува тезата за можноста од таков конфликт“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Зборувајќи за тоа дали постои закана од нуклеарна војна, Лавров рече дека не верува во тоа.
Според изјавата на Лавров изгледа дека тој и Кулеба денес отидоа на пријартелска средба во Анталија……малку да одморат од војната.