Ирската полиција ги истражува наводите дека телото на маж било донесено во пошта во обид да му ја подигнат пензијата.

Ајриш тајмс пишува дека двајца млади мажи во петокот донеле маж, кој се чинеше дека има околу 60 години, во поштата во градот Карлоу.

Кога персоналот почнал да ги испрашува, тие побегнале оставајќи го телото на постар маж, за кој подоцна се испоставило дека е мртов.

Ирската полиција не можеше да даде детали за случајот, но потврди дека нејзините детективи ги истражуваат околностите кои следат по „необјаснетата смрт на постар човек“ во областа Карлоу.

Обдукцијата ќе ја утврди причината за неговата смрт.

Според „Ајриш Тајмс“, еден од младите се распрашал како може да се подигне пензијата и му било кажано дека мора да пензионерот да биде присутен.

Со помош на соучесници наводно донел тело на починат маж.

Градоначалникот на Карлоу, Кен Мурнеј, рече дека наводите ги шокирале луѓето во градот.

„Едноставно е неверојатно дека ова можеше да се случи. Ова е како во филмот на Хичкок“, рече Мурнејн.

By Author