И денеска не започна судењето против Жан Митрев и болницата за измама.  Се одложи затоа што предметот е во апелација по жалба за мерките за имотот (замрзнувањето).

Судијата кажа дека предметот бил испратен на 7 март но се уште не е вратeн и во меѓувреме одбраната на Mитрев не успеала ниту да направи увид во списите на предметот што беше причина  за да се одложи првиот пат. 

Пред судот Митрев беше пречекан од група роднини и оштетени кои протестираа со транспаренти.

И во судницата имаше напната атмосфера. Обвинителката побара подинамично закажување на термини, а одбраната реагираше дека се прави притисок со ваквото барање за итност, но и дека се врши хајка и атмосфера на линч со протестот пред судот.

Следното рочиште судијката го закажа за 12 мај.

Извор: Телма

By Author