Италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма и нема намера да престане да игра.
Клубот во понеделникот објави дека Буфон добил договор на уште две години, што значи дека славниот Џиџи ќе продолжи да игра до својата 46-та година!
Буфон потпиша нов договор во друштво на своето семејство, со клуб во кој кон крајот на 1990-тите се проби до врвното ниво на италијанскиот фудбал.
Буфон се врати во Парма минатото лето, кога му истече договорот со Јувентус. Соработката тогаш ја добиваше две години, но сега ја продолжи на уште една.
Претседателот на Парма, Кајл Краус, потврди дека рекордерот во Серија А одлучил да остане извесно време во фудбалот.
Сезонава одигра 23 натпревари во Серија Б и осум пати ја сочува мрежата при што прими 23 гола.
Парма сезонава има 32 бода од 26 меча, а во ноември го отпушти Енцо Мареску и го доведе поранешниот тренер на Фиорентина, Бепе Јачини.
Клубот се уште е во трка за плеј-офот од италијанскиот шампионат.