МВР пред малку ги потврди информациите за случувањата во Ист Гејт Мол. Според официјалните информации добиени од министерството за внатрешни работи полициските екипи се веќе на лице место и превземаат мерки за расчистување на случајот, а во нападот ранети се две лица.

-Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Попладнево со автоматско оружје „Шкорпион“ е отворен оган во кругот на Ист Гејт Мол во Скопје, според неофицијални информации цел на нападот бил Раде Штекли кој е ранет во пределот на градите, а неговиот сопатник е потешко ранет и е во животна опасност.

На 25 август годинава во Ист Гејт исто така имаше пукање предизвикано од мафијашка пресметка.

By Author