Истополовите бракови сега се признати низ цело Мексико, бидејќи североисточната држава Тамаулипас стана последната во земјата која го легализираше „бракот за сите“, објави тамошниот парламент во средата навечер.
„Тамаулипас ги одобри реформите на членот 132 од Граѓанскиот законик на Мексико, со цел да се признае правото на брак меѓу лица од ист пол“, се вели во соопштението.
Пратеничката Ненси Руиз од десничарската Национална акциона партија рече дека „нема првокласна или второкласна личност, секој треба да има право да се жени“.
Во 2010 година, Мексико започна процес на легализација на хомосексуалните бракови. Таа процедура беше забрзана оваа година, во која уште седум мексикански држави го признаа бракот за сите.
Мексико се состои од 31 држава.