Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан денеска за време на изборен митинг во западниот град Нара. Тој беше застрелан од Текуја Јамагами, ветеран на јапонските одбранбени сили.

Јамагами (41) живеел во Нара и служел во Јапонските одбранбени сили. Според првичните информации тој го застрелал Абе со рачно изработено оружје.

Неколку претставници на Министерството за одбрана потврдија дека Јамагами работел за Поморските сили за самоодбрана, на јапонската морнарица, околу три години, до 2005 година.

Беше објавено дека Абе имал обезбедување околу себе за време на говорот, но напаѓачот успеал да извади пиштол и да го застрела од само неколку метри.

Самиот факт дека Јамагами го застрела премиерот во земја позната по екстремно ниската стапка на убиства со оружје ја шокираше Јапонија.

Абе беше застрелан повеќе пати во грб од далечина од само неколку метри.

Откако беше погоден по втор пат, Абе падна на земја стегајќи ги градите. Очевидци тврдат дека обилно крварел.

https://twitter.com/AuthorKristineO/status/1545281377834115072?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545281377834115072%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.novosti.rs%2Fplaneta%2Fsvet%2F1133723%2Fnajnovije-vesti-sinzo-abe-tecuja-jamagami-atentat-upucan-sinzo-abe-japan

Со хеликоптер бил пренесен во болница во свесна состојба, но срцето му откажало и моментално не дава знаци на живот, пишуваат Асахи Шинбун и NHK.

Поранешниот гувернер на Токио Јоичи Масузое објави дека Абе е во состојба на кардиопулмонален застој. Тој термин се користи во Јапонија пред да биде официјално потврдена смртта на една личност, пишува Би-Би-Си.

Абе одржа предизборен говор во Нара пред неделните избори за горниот дом на Јапонија.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида ги откажа сите изборни митинзи и итно се врати во седиштето на Либерално-демократската партија на Јапонија во Токио.

By Author