Некои го посетуваат Сен Тропе поради неговиот разигран дух и бројните ноќни забави, додека други се вистински боеми, кои сакаат да уживаат во неговите луксузни и истовремено тајни прибежишта.
Ако не можете да се одлучите каков одмор сакате, хотелот Лу Пинет е совршена опција за вас, нудејќи ви го најдоброто од двата света. Тргнете на патување назад во времето, за да се потсетите на старомодниот и бесценет луксуз. Само пет минути од Плас де Лис, хотелот е создаден како бохо-шик скривалиште од светот, карактеризиран со мирис на борови дрвја во кој многу славни личности ги најдоа своите „пет минути мир“.
Овој митски објект од шеесеттите години е вистинска семејна куќа, „искапена“ во природна светлина и исполнета со сурови украси. Со природни материјали како што се лен, керамика, коноп, теракота и многу други кои му даваат одредена доза на престиж, секоја внимателно избрана оддавајќи почит на занаетчиското наследство во регионот, хотелот има ниво на шарм со кое е тешко да се конкурира.
Хотелскиот базен, најголемиот од сите во градот, се наоѓа среде голема тераса, давајќи му структура на грандиозната надворешност и поврзувајќи ги трите згради што всушност го сочинуваат хотелот. Триесет и четири соби, колку што има вкупно, се пространи и осветлени, а секоја од нив има своја сопствена гостопримлива приватна градина за седење.
Градината исто така ве носи во бања која наликува на тајна пештера, што дефинитивно ќе ви помогне да се опуштите.
Ресторанот на хотелот, Бифбар, придонесува со својата доза на извонредност, на гостите им се служат врвни специјалитети што се паметат.
Ако копнеете за одмор ова лето што можеби никогаш порано не сте го доживеале, ви предлагаме ова да биде првата дестинација на вашата листа.