Потенцијалното исклучување на Русија од меѓународниот платен систем SWIFT би било „атомска бомба“ за светскиот пазар, изјави за агенцијата ДПА претседателот на германската Христијанско-демократска унија, Фридрих Мерц.

– Прашањето за СВИФТ може да стане атомска бомба за пазарот на капитал, стоки и услуги – рече политичарот и повика да „не се допира“ системот. Мерц предупреди дека во случај Русија да биде исклучена од овој меѓународен платен систем, сите економии ќе го почувствуваат падот, вклучително и Германија.

-Ќе си нанесеме значителна штета, силна извозна моќ – нагласи тој. Политичарот додаде дека ќе трпи не само трговската размена меѓу Русија и Европа, туку и целата светска трговија

Американските сенатори од владејачката Демократска партија претхно претставија предлог-закон за нови санкции против клучните сектори на руската економија, државниот долг, клучните банки и системот SWIFT и високи функционери, вклучително и претседателот Владимир Путин, кој Вашингтон би можел да го претстави доколку ситуацијата во и околу Украина ескалира…

By Author