По неколкумесечните протести во кои загинаа повеќе од 300 луѓе, ИРАН одлучи да попушти и да ја укине моралната полиција, пренесува AFP.
– Моралната полиција нема никаква врска со судството и затоа е укината – изјави главниот ирански обвинител Џафар Монтазери.
Иран ги распушти своите полициски единици за морал по повеќе од два месеци протести предизвикани од апсењето на Махса Амини за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, објавија локалните медиуми.